Ливерпул ќе го „завери“ Керкез откако Вирц ќе го потпише договорот со „црвените“

194
фото: FC Bournemouth (X)

Ливерпул е целосно уверен во постигнување договор за трансферот на левиот бек Милош Керкез од Борнмут ова лето. Според новинарот Флоријан Плетенберг се очекува трансферот на 21-годишникот да биде комплетиран откако „црвените“ ќе го потпишат и објават играчот од средниот ред Флоријан Вирц.

Се нагласува дека е постигнат усмен договор меѓу англиските шампиони и Керкез.

Претходно, медиумите објавија дека Вирц ќе биде подложен на медицински преглед по враќањето од одмор, најверојатно следнава недела.

ПретходноТаткото на Гилџес-Александер вели дека син му игра како Мајкл Џордан
СледноРаботнички и Силекс договорија пријателски двомеч