Навистина Ливерпул како да не знае за доста. Имено откако ги официјализираше Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц, во секој момент се очекува потврда на трансферот и на унгарскиот репрезентативец Милош Керкез, се преговара и со Бредли Баркола, а најновата “бомба“ која ја лансираат медиумите на Островот е еден од најдобрите крилни офанзивци, ѕвездата на Њукасл и репрезентативец на Англија, Ентони Гордон. Како што се пренесува раководството на “Редси“ имаат намера да понудат неверојатни 117 милиони евра за Гордон.
Интересно е тоа што Гордон пред да дојде во Њукасл беше прва ѕвезда на градскиот ривал на Ливерпул, тимот на Евертон.
Во случај да се остварат сите овие најави нема дилеми дека тимот на Арне Слот, инаку шампион во Премиерлигата, ќе биде најголем фаворит за освојување на титулата во најсилната лига во светот и ќе биде меѓу ТОП 5 екипи за освојување на „ушлето“ во Лигата на Шампионите наредната сезона.