Официјално: Гатузо е нов селектор на Италија

163

Најавеното поставување на Џенаро Гатузо на позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Италија предмалку доби и официјализација. Фудбалската Федерација на Италија предмалку го претстави Гатузо како нов кормилар на „Азурите“.

Негова основна задача секако ќе биде пласман на Мундијалот во 2026 година во САД, Канада и Мексико, за што е и поставен на овааа сериозно одговорна функција.

Изборот на Гатузо за многумина беше големо изненадување особено ако се знае дека тој и нема некој преголем успех како тренер. Пред неполн месец беше отпуштен од тренерското место во Хајдук.

ПретходноГОГ Гудме е нов младински ракометен првак на Европа
СледноИнтер ќе го бара Хојлунд на позајмица