Судирот на Норис и Пјастри го однесе Расел до победа на ГН на Канада

549
фото: Formula 1 (X)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел е победник на трката за Големата награда на Канада, 10-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Денеска трката на патеката „Жил Вилнев“ беше обележана со инцидент во кој беа вклучени дуото на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Британецот ја освои својата прва победа во сезоната и четврта во кариерата на оваа патека. Расел му ја донесе и првата победа на Мерцедес во 2025 година, година во која само Мекларен и Ред Бул победија до трката во Канада.

Најблиску до Расел беше актуелниот шампион Макс Верстапен, додека третото место на подиумот го освои колегата возач на Мерцедес, Кими Антонели. Трката заврши зад безбедносното возило поради инцидентот меѓу Норис и Пјастри, па разликата меѓу Расел и Верстапен беше минимална.

ПретходноРаботнички и Силекс договорија пријателски двомеч
СледноМемфис размени една од своите ѕвезди: Дезмонд Бејн во дресот на Орландо