Таткото на Гилџес-Александер вели дека син му игра како Мајкл Џордан

78
фото: OKC THUNDER (X)

Таткото на Шeј Гилџeс-Александeр го спореди својот син со Мајкл Џордан. Во изјава дадена за медиумите, Вон Александар рекол:

„Во тоа време, многу играчи повеќе го користеа шутот од полудистанца. Шеј би се вклопил во таа игра како играч од типот на Мајкл Џордан. Не го ставам во иста лига како Мајкл, бидејќи тој е најдобриот играч на сите времиња, но Шеј игра онака како што играше Мајкл. Шутеви од полудистанца, пет или шест тројки по натпревар, тоа е играта на Шеј“, изјавил таткото на МВП-то оваа сезона во НБА лигата.

ПретходноШкендија закажа четири контроли на подготовките во Словенија
СледноЛиверпул ќе го „завери“ Керкез откако Вирц ќе го потпише договорот со „црвените“