Дин Аломеровиќ од попладнево и официјално е нов играч на романскиот тим на Ута Арад.
Како што претходно беше најавено, искусниот лев бек заминува во Романија, по нова интернационална авантура.
Тој веќе има искуство со играње надвор од нашите граници и тоа во Шпанија каде што промени неколку клубови.
Тој инаку е дете на Македонија ЃП, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Еуромилк, Работнички…