Фуксе Берлин се изгуби во „Ланксес Арена“, Магдебург моќно до титулата во ЛШ

321
Фото: Магдебург/Фејсбук

Магдебург го доби германското дерби во финалето на Лигата на шампиони, го совлада Фуксе Берлин со 26-32 и после две години повторно се искачи на тронот. За новиот првак ова е петта титула во најсилното европско клупско натпреварување. На другата страна на тимот од Берлин и покрај тоа што го има еден од најдобрите ракометари, Матијас Гидсел сепак тоа не беше доволно за да испише нова историја.

Кристјансон со осум гола беше прв стрелец, зад него беа Магнусон и Клар со по шест погодоци. На другата страна Гидсел имаше седум погодоци.

Патот кон победата, Магдебург почна да го гради кон крајот на првото полувреме кога успеа да дојде на позитива од четири, со која и замина на одморот 12-46.

На стартот на второто полувреме, Магдебург не искористи напад за да поведе со пет гола разлика, Лудвиг беше на вистинското место. Условно кажано гостинскиот тим во 43-та минута успеа да поведе со 17-23. Марсениќ со два гола во низа се обиде да го врати својот тим во игра, доближи на 19-23. Но, Магдебург не застана, продолжи во исто темпо, на четири минути до крајот имаше плус 6 (26-32), на голот неверојатен беше Хернандез, запиша 17 одбрани. Тука беше крајот на сите надежи дека финалето може да заврши поинаку.

ПретходноИ Арсенал го „откачи“ Ѓокерес, нема намера да „фрли“ 80 милиони евра
СледноБаерн покажа дека вакво Светско клупско првенство не е за секого