Шампионот останува без голманот Ивиќ!

443

Филип Ивиќ по се изгледа дека нема намера да остане во Пелистер и во следната сезона. Според пишувањето на медиумите во Србијка, хрватскиот голман е пред трансфер во Војводина. Се пренесува дека се било договорено, останува само уште да се прецизираат деталите и да се потпише договорот.

Јасно е дека Ивиќ има силна конкуренција во Пелистер за голманската позиција, тука е неприкосновениот Никола Митревски кој и изминатата сезона беше фантастичен на голот на шампионот на Македонија.

Инаку Ивиќ има богато интернационално искуство. Пред да дојде во Битола тој беше член на повеќе познати европски клубови како Шамбери, Загреб, Цеље, Гумерсбах, Килце.

ФОТО: РК Пелистер/ФБ

ПретходноГотово е: Гатузо е новиот селектор на Италија!
СледноДенеска на СКП: Баерн против аматерите од Нов Зеланд, европско дерби во ЛА!