Шкендија закажа четири контроли на подготовките во Словенија

176
фото: KF Shkëndija (Facebook)

Шкендија која во саботата ги почна подготовките во Терме Чатеж во Словенија, веќе закажа и четири пријателски натпревари со одбрани противници.

Серијата тест-дуели за нашиот шампион започнува во вторник, 17 јуни, против романскиот тим ФК Аргеш Питешти во Зрече, а ќе продолжи со средби против Копер, ЦСКА Софија и Олимпија.

Вреди да се напомене дека последниот пријателски натпревар со Олимпија можеби и нема да се одржи, бидејќи словенечкиот шампион е потенцијален противник на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Тоа ќе се знае по ждрепката во Нион во вториник.

ПретходноКуманово ќе биде домаќин на кошаркарите за дуелите со Унгарија и Романија
СледноТаткото на Гилџес-Александер вели дека син му игра како Мајкл Џордан