Шортс со 30 поени му ја донесе првата победа на Париз во француското финале

126
фото: Paris Basketball (X)

Македонскиот репрезентативен „плеј“, Ти-Џеј Шортс, одигра уште еден блескав меч оваа сезона, овој пат поведувајќи го својот Париз кон првата победа во финалето на француското кошаркарско првенство.

Попладнево Париз беше домаќин на првиот натпревар од финалната серија и стигна до стартна победа од 94:82, а нашиот репрезентативец постигна фантастични 30 поени со 6 скока и исто толку асистенции.

Париз најавува дека со Ти-Џеј Шортс оди на шампионската титула во Франција.

ПретходноКадетките поразени од Албанија во битката за 5. место на БП
СледноМурињо и Сон одржаа состанок, Кореецот на пат за Фенербахче