Левиот офанзивен бек на Работнички, Дин Аломеровиќ својата кариера ќе ја продолжи во Романија и тоа тимот на УТА Арад. Откако четири години беше еден од најдобрите во таборот на клубот од Дебар Маало, и беше еден од најзаслужните за третото место на Работнички во изминатата сезона и изборен настап во фудбалска Европа, Аломеровиќ како слободен играч се одлучи да ја продолжи кариерата во Романија, во тимот на УТА Арад.
Овој клуб важи за еден од најдобрите во Романија, а голман на тој тим е нашиот репрезентативец Дени Илиев.
Официјализарењето на овој трансфер, се очекува Романците да го сторат во следните денови.