Готово е: Гатузо е новиот селектор на Италија!

168

Иако не успеа да му ја донесе титулата на Хајдук, имаше катастрофална пролетна сезона во Сплит, сепак раководството на Фудбалската федерација на Италија се одлучи токму Џенаро Гатузо да биде нов селектор на Италија. Откако Лучано Спалети доби отказ, во преден план беа некои други имиња, како Клаудио Раниери на пример, но сепак Гатузо е тој што ќе мора да ја „вади“ Италија од лошите резултати ќе мора да ја однесе Италија на СП 2026, посебно ако се знае дека на последниот шампионат таа не беше учесник и тоа поради елиминацијата од Македонија во бараж мечот во Палермо.

Оваа вест ја потврдија познатите фудбалски инсајдери во Италија, а тоа го потврди и менаџерот на репрезентацијата Џиџи Буфон.

Сметам дека ја донесовме најдобрата можна одлука за тоа кој ќе биде селектор на Италија“ посочи Буфон.

Се чека сега само на официјална промоција.

ФОТО: НК Хајдук/ФБ

ПретходноБраво Ивана: Пројковска ќе суди на Копа Америка! (ФОТО)
СледноШампионот останува без голманот Ивиќ!