“Кралевите“ ќе добијат неверојатни премии ако го освојат СКП!

363

Откако ја завршија сезоната без освоен трофеј, ако не го сметаме Суперкупот на Европа минатото лето на стартот од сезоната, сега сите погледи во Реал Мадрид се свртени кон Светското клупско првенство во САД кое започна утринава.

Флорентино Перез не крие дека ја сака светската титула, новиот стратег Чаби Алонсо исто така има намера уште на почеток на својата тренерска кариера во Реал сака да дојде до голем трофеј.

Па така Перез им ветил премија на своите играчи од по еден милион евра. Значи ако се освои титулата на СКП во САД, секој фудбалер на Реал Мадрид ќе добие бонус или премија од еден милион евра.

Секако ова е голем сума на пари, па така Мбапе и компанија сигурно дека ќе сторат да станат шампиони на ова историско СКП кое за првпат се игра во овој формат.

ПретходноФ4: Младинците на Пелистер со убедлив пораз во битката за 3.место, Барса беше пресилна
СледноАломеровиќ со трансфер во УТА Арад!