Куманово ќе биде домаќин на кошаркарите за дуелите со Унгарија и Романија

103

Куманово ќе биде градот во кој македонската машка кошаркарска репрезентација ќе ги одигра претквалификациските средби за пласман на Светското првенство во 2027 година против селекциите на Унгарија и Романија.

ФИБА потврди дека Куманово е градот во кој нашата кошаркарска селекција ќе биде домаќин на дуелите во август (2. авсгуст против Романија и 20. август против Унгарија). Во меѓувреме ќе имаме и две гостувања на 9 август кај Унгарија и на 13. август против Романија.

Дуелот во Куманово на „Илинден“ ќе биде деби и на новиот селектор Марјан Илиевски.

ПретходноБаерн покажа дека вакво Светско клупско првенство не е за секого
СледноШкендија закажа четири контроли на подготовките во Словенија