Дезмонд Бејн од следната сезона ќе го носи дресот на Орландо Меџик.
Инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, откри дека 26-годишниот кошаркар ќе се упати кон Флорида во замена за Кентавиус Колдвел-Поуп, Кол Ентони и четири незаштитени избори од првата рунда на драфтот. И тоа не е сè, бидејќи Мемфис ќе има право да ги размени изборите од првата рунда со Орландо доколку сака.
Бејн ја помина целата своја НБА кариера во Тенеси, а за пет сезони во најсилната лига во светот стекна репутација на навистина одличен бек. Оваа сезона, тој забележа просек од 19,2 поени, 6,1 скока и 5,3 асистенции по натпревар.