Нов “земјотрес“ во Истанбул: Галатасарај тргнува по Тер Штеген и Чалханоглу!

283

Нов фудбалски “земјотрес“ во Истанбул. Шампионот на Турција откако го официјализираше трансферот на Лирој Сане, откако се договори со Илкај Гундоган, му понуди 20 милиони евра на Виктор Осимен, сега и дефимитивно тргнува по Марк-Андре Тер Штеген и Хакан Чалханоглу. Германскиот репрезентативен голман по се изгледа дека ќе ја прифати понудата, иакотаа изнесува 5 милиони евра нето годишно, што помалку од тоа што заработува во Барселона, но во Галата ќе биде барем прв голман, прва опција.

Со доаѓањето на Кристијан Киву во Интер, и тоа како е загрозен првотимскиот статус на Хакан Чалханоглу. На Турчинот му е кажано дека може да си побара нова средина и јасно е дека Галата е тука да го доведе во своите редови.

ФОТО: ФЦ Барселона/Х

ПретходноЛиверпул ќе има “дрим-тим“: Ѕвездата на Њукасл за 117 милиони евра се сели на „Енфилд“?!
СледноДоста им е од Онана: Аморим и Јунајтед го посакуваат најдобриот голман во светот!