Расел му ја “украде“ пол-позицијата на Верстапен!

228

Џорџ Расел со својот Мерцедес беше најбрз во квалификациите за ГН на Канада на патеката “Жил Вилнев“ во Монтреал. Па така Британецот ќе стартува од правата позиција на трката која ќе почне од 20 часот вечерва.

Ова по малку е изненадувачки, ако се знае дека во битката за пол – позицијата фаворити беа возачите на Мекларен, Пјастри и Норис.

Интересно е тоа што до самиот истек на квалификациите, во третата сесија, водеше Макс Верстапен, но во самиот финиш, во послениот круг, Расел успеа да извози побрзо време и да се најде пред светскиот првак. Па така Расел ќе стартува од првата позиција, Верстапен од втората, Пјастри од третата. Добри квалификации имаше и Антонели,кој ќе стартува од 4-та позиција, Хамилтон од петтата а Норис дури од седмата што секако дека е катастрофа за него.

ФОТО: Ф1 Мерцедес/Х

ПретходноСКП: Интер Мајами на Меси одигра 0:0 против Ал Ахли! (ВИДЕО)
СледноБраво Ивана: Пројковска ќе суди на Копа Америка! (ФОТО)