За некои ова е само обврска повеќе, но за некои фанови ова СКП и тоа како е важно, посебно за фановите на Палмеирас, тим од Бразил кој точно на полноќ го игра првиот меч и тоа против Порто на стадионот “МетЛајв“ во Њујорк.
Имено Бразилците приредија вистинско шоу, вистинско навивачко лудило, во позитивна смислам. Епицентарот беше на славниот Тајмс Сквер, а присутните беа воодушевени од тоа што го гледаат.
По ова излегува дека Палмемирас и тоа како ќе ја има поддршката од своите фанови на ова СКП.
Да потсетиме дека Палмеирас се наоаѓа во групата А заедно со споменатиот Порто, но и со Интер Мајами и Ал Ахли и важи за тим кој би можел да им ги замрси сметките на европските гиганти.
ФОТО: ФЦ Палмеирас /Х
Palmeiras fans in New York 🤩 pic.twitter.com/CpqDXw5Mxv
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) June 15, 2025