Лоши вести за Партизан, за некогаш еден од најдобрите клубови на овуе простори. Како што пренесуваат медиумите во Србија, ФИФА ги суспендирала „црно – белите“ и тоа за 50.000 евра. Оваа сума клубот од Белград му ја должи на менаџер, и се додека долгот не се исплати, Партизан нема право да прави трансфери.
Се очекува, со оглед на сумата, дека раководството на Партизан, иако и натаму има големи финансиски проблеми, да го плати тој долг кон менаџерот со цел да продолжи со ангажман на нови имиња за наредната сезона.
На Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија од страна на ФИФА и е наложено веднаш да ја примени казната врз белградските “црно – бели“.