Филип Ивиќ по се изгледа дека нема намера да остане во Пелистер и во следната сезона. Според пишувањето на медиумите во Србијка, хрватскиот голман е пред трансфер во Војводина. Се пренесува дека се било договорено, останува само уште да се прецизираат деталите и да се потпише договорот.
Јасно е дека Ивиќ има силна конкуренција во Пелистер за голманската позиција, тука е неприкосновениот Никола Митревски кој и изминатата сезона беше фантастичен на голот на шампионот на Македонија.
Инаку Ивиќ има богато интернационално искуство. Пред да дојде во Битола тој беше член на повеќе познати европски клубови како Шамбери, Загреб, Цеље, Гумерсбах, Килце.
ФОТО: РК Пелистер/ФБ