Струга ТЛ не го продолжи договорот со Влајковиќ!

206

И официјално Никола Влајковиќ не е веќе фудбалер на Струга ТЛ. Самиот клуб потврди дека на дефанзивецот му завршил договорот, но и тоа дека нема да се продолжува соработката.

Секако дека раководството на некогашниот шампион, на својот довчерашен фудбалер му се заблагодарува на соработката и му посакува многу среќа во иднина во неговата кариера.

Србинот во Струга ТЛ беше од јануари 2024 година, имаше 1,5 годишен договор кој деновиве истече. Во овој период Влајковиќ одигра 42 натпревари, постигна три гола и запиша три асистенции.

Од Струга ТЛ не кријат дека повеќе очекуале од него.

ПретходноРаботнички се засили со Бразилецот Алмеида!(ФОТО)
СледноБејл си купува клуб во Англија!