Виктор Треневски има нов клуб

405

Искусниот македонски стратег, Виктор Треневски повторно е активен. И тоа во Црна Гора. Ќе го води амбициозниот тамошен третолигаш, Балкан Иглс.

Ова е трет пат како Треневски е стратег во местото Тузи, а претходно на два пати го водеше попознатиот Дечиќ.

Овојпат се нафаќа да го води проектот на Балкан Иглс чиј што раководни структури се доста амбициони и планираат големи нешта со клубот.

Треневски освен Дечиќ, во Црна Гора ги водеше и Ком, Грбаљ, а во Македонија беше дел од Работнички.

 

ПретходноТомче Гроздановски е нов играч на Конкордиа
СледноЕ.Пелистер е посилен за Ибрахим Калес Валид