ЕХФ го суспендира АЕК, парични казни за грчкиот тим и Алкалоид

910

ЕХФ конечно го заврши случајот од финалниот дуел од Европскиот куп ппомеѓу екипите на Алкалоид и АЕК. Донесе одлука со која Алкалоид се казнува со 5000 евра поради необезбедување на доволни билети за гостинските навивачи на реванш финалниот дуел во Скопје, поради кои што АЕК и не сакаше да го одигра мечот.

Поточно навивачите од Грција пристигнаа во преголем број, па кога не им беше дозволено да влезат во салата Борис Трајковски им забранија на ракометарите на АЕК да го одиграат мечот.

Од друга страна пак, санкциите кои се изречени за тимот на АЕК се далеку подрастични и посериозни.

АЕК е казнет со 20.000 евра што не се појави на паркетот во Скопје, и дополнително е суспендиран две години забрана за играње на меѓународно ниво однодно во куповите организирани од страна на ЕХФ.

Претходно секако, самиот меч веќе беше регистиран со 10:0 за Алкалоид и титулата во Европскиот ЕХФ куп за сезоната 2024/25 му е доделена на нашиот тим.

 

 

ПретходноКам бек на Ендрит Красниќи во Шкендија (ВИДЕО)
СледноЃорческа избори пласман на турнирот во Загреб