Екипата на Е.Пелистер предмалку се пофали со својата најнова аквизиција. Тоа е кормулентниот кружен напаѓач од Египет Ибрахим Калес Валид, кој што според битолчани е вистинското засилување за следната сезона.
Репрезентативецот на Египет доаѓа во Битола од турскиот тим на Бешикташ каде што досега настапуваше.
Се работи за исклучително квалитетен, силен и цврст пивотмен, нешто што на Е.Пелистер и тоа како му беше потребен.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.
View this post on Instagram