Затворски казни за расистите кои ја “обесија“ куклата Винисиус!

79

Конечно. Окружниот суд во Мадрид донесе пресуди против четворица навивачи кои пред натпреварот Реал – Атлетико во јануари оваа година, извршија чин на расна омраза против играчот на Реал Мадрид, Винисиус. Имено тие закачија надувувачка кукла со дресот на Винисиус над неа за да ја обесат во близина на мост, алудирајќи на обесениот играч на „кралевите“.

Еден од навивачите ширеше расизам на социјалните мрежи, а епилогот е дека беа строго казнети – едниот со една година и десет месеци затвор, другите тројца со една година и два месеци затвор.
Исто така, во следните четири години нема да можат да ги посетуваат фудбалските стадиони, а беше издадена и забрана за приближување кон бразилскиот фудбалер. Сите четворица ја признаа својата вина, јавно се покајаа и се извинија.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/Х

ПретходноУдар за Србија: Новак со 700 милиони долари и со Златна виза, ќе се пресели во Атина!
Следно“Кралевите“ фрапирани од ужасните услови за тренинг на СКП!