Изјава без милост: Олисе покажа дека Баерн не само што победува – туку победува без пардон

277

Уште пред почетокот на Светското клупско првенство беше јасно дека Оукленд Сити ќе биде еден од аутсајдерите. Новозеландскиот клуб пристигна во Америка значително ослабен – некои од фудбалерите не добиле слободно од своите примарни работни места, бидејќи фудбалот не им е главен извор на приходи.

Поради тоа, Оукленд беше единствениот тим што не успеа да го пополни ростерот за турнирот, што најдобро говори дека повеќе беа дојдени како туристи отколку како ривали подготвени за натпреварување.

Сето тоа кулминираше на вчерашниот меч против Баерн Минхен, кога Баварците без милост го “разнесоа” тимот од Нов Зеланд со 10:0 – еден од најтешките порази во историјата на клубот.

Но, по натпреварот, во фокусот не беше резултатот, туку изјавата на Олисе, која предизвика лавина реакции.

„Прославувавте неколку голови на почетокот, но како течеше натпреварот сè помалку се радувавте. Дали почувствувавте жал за играчите на Оукленд, бидејќи сте многу посилни од нив?“, беше прашањето на новинарката. 

Олисе, со насмевка, кратко одговори: „Не.“

Иако можеби сакаше да биде духовит, многумина на социјалните мрежи не ја примија добро оваа негова реакција и го “разапнаа” поради недостатокот на емпатија и фер-плеј.

Сепак, останува фактот – Баерн Минхен беше немилосрден, а Оукленд Сити – немоќен.

ПретходноСити е подготвен да оди во минус за Грилиш, но цената сепак е превисока за Наполи
СледноКам бек на Ендрит Красниќи во Шкендија (ВИДЕО)