Новиот прволигаш, тимот на Башкими од Куманово има нов тренер. Тоа е некогашниот македонски репрезентативец и интернационалец, Муарем Муарем, кој што од неодамна заплива и во тренерските води.
Муарем има огромно играчко искуство, во тренерските води стартуваше со водењето на Гостивар минатата сезона, а беше и во стручниот штаб во Шкупи.
Сега, откако Башкими влезе во првата лига, кумановци се одлучија да го ангажираат младиот и амбициозен тренер со надеж дека токму тој е оној кој што ќе и донесе на екипата квалитет, стабилност и секако резултатски успех.