Иако трансферот на Флоријан Вирц е официјализиран од двете страни, сепак се чека на лекарските прегледи и секако промоцијата, односно претставувањето.
Да потсетиме дека Ливерпул за своето летно мега – засилување на Баер Леверкузен му плати 136 милиони евра, тука бонусите не се сметаат и затоа јавноста, а посебно фановите на “Редси“ едвај чекаат да го видат и официјално најдобриот германски фудбалер во црвениот дрес на култниот клуб од “Енфилд“.
Последните информации велат дека Вирц во среда го завршува својот одмор а во четврток ќе биде на лекарски прегледи во Ливерпул, и ако се биде во ред во петок на 20 јуни, ќе позира со дресот на “Редси“, откако претходно ќе го официјализира потписот на договорот со кој ќе биде член на Ливерпул до 2030 година за неделна плата од 200.000 фунти.
ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ