Распад систем во Ц. Звезда: Спартак ги “збриша“ црвено – белите и се пласираше во финалето во Суперлигата на Србија!

246

Уф, каков срам, каков шок, каков распад систем во Ц. Звезда? Нешто невидено. Вечерва Ц. Звезда го допре дното, подолу не може. Имено откако не успеа да се пласира во финалето на АБА лигата, вечерва е елиминирана во полуфиналето и во домашната Суперлига и тоа од Спартак. Тимот од Суботица пред неколку дена поведе во оваа серија со 1:0, а вечерва на свој терен победи по вторпат и тоа со 93:77 и со тоа ја “збриша“ Ц. Звезда која важеше за голем фаворит и не само за пласман во финалето, туку и за титулата.

Спартак Суботица во финалето ќе игра против Партизан или ФМП.

Навистина што се случи со Ц. Звезда во последните десетина дена, јавноста е шокирана, а навивачите се бесни.

ФОТО: КК Црвена Звезда/Х

ПретходноМедиумите во Шпанија: Дали е ова девојката на Јамал, 12 години повозрасна од него?! (ФОТО)
СледноОдреден е денот кога Ливерпул ќе го претстави своето мега – засилување!