Скандал ја тресе Италија: 16 членови на Салернитана завршиле во болница после мечот со Сампдорија

1295
Фото; US Salernitana 1919 @OfficialUSS1919

Фудбалска драма со вкус на скандал во Италија. Сампдорија успеа да избегне историско испаѓање во Серија Ц, иако сезоната ја заврши на 18. место — позиција што директно води во понизок ранг. Тоа ќе беше првпат во историјата на клубот да падне толку ниско, но… судбината се вмеша.

Со одземање бодови на Бреша, Сампдорија доби „втор живот“ и заврши позиција погоре – доволно за плеј-аут меч против Салернитана. Првиот дуел заврши 2:0 за тимот од Џенова, но сè уште повеќе внимание привлече – она што се случи по натпреварот.

Италијанска “Gazzetta dello Sport” јави дека 14 членови на Салернитана завршија во болница поради труење со храна, а бројката подоцна се искачи на 16. Сѐ се случило по враќањето од Џенова, каде според извештаите, фудбалерите консумирале сомнителен „ланч пакет“ базиран на ориз.

Полицијата започна истрага, се испитува како и каде бил подготвен оброкот, и дали има елементи на намерна саботажа. Шок и неверување завладеа меѓу јавноста и медиумите, кои со право прашуваат – дали фудбалот сè уште се игра на теренот?

Сè е уште под истрага, но еден е факт – италијанскиот фудбал повторно е во центарот на драма и контроверзии.

ПретходноПознати се помошниците на Марјан Илиевски!
СледноКаков „терор“ на Матијас Гидсел во последните две години