Голем, неверојатен удар за Србија. Сепак и не толку неочекуван ако се знае што се случува во таа земја, а посебно не кога Новак Ѓоковиќ јавно застана зад протестите на студентите. Од тогаш следуваа канонада од напади врз најпознатиот Србин во историјата, после Никола Тесла, од медиумите кои се блиски до власта и до Александар Вучиќ.
Имено како што пренесуваат медиумите во Грција, најдобриот тенисер на сите времиња ја одбрал Атина за свој град каде заедно со своето семејство ќе си живее. Јасно е дека Новак има апартмани и куќи на повеќе локации во светот, но како што се пренесува има намера да се пресели во главниот град на нашиот јужен сосед.
Исто така тој веќе имал средба со премиерот Мицотакис и без проблем добил Златна виза.
Како што се наведува Ѓоковиќ во моментов располагал со богатство вредно повеќе од 700 милиони долари.
ФОТО: Париз 2024/Х