Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на ИТФ турнирот W75 Загреб што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа денеска во финалето од квалификациите ја победи бугарската тенисерка Денислава Глушкова со 2-1 во сетови (57 63 62) за три часа игра.
Во изедначен прв сет Глушкова го доби првиот сет со 7:5 во гемови. Изеданачено беше и до средината на вториот сет и резултат 3:3 во гемови, а потоа следуваше серија од три гема за македонската тенисерка која го доби вториот сет со 6:3 во гемови и со тоа изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет нерешено беше до 2:2 во гемови и во следните четири гема Ѓорческа на противничката и препушти само еден поен, односно од одиграни 13 освои 12 и сетот го заврши со 6:2 во гемови за 2-1 во сетови.
Во главниот турнир Лина Ѓорческа ќе игра на стартот против Ралука Георгина Шербан од Кипар, која се наоѓа на 243.место на ВТА листата. Ова ќе биде петти меѓусебен дуел на двете тенисерки и скорот е 3-1 во победи за тенисерката од Кипар.