Арманд Дуплантис испиша историја пред Болт – нов светски рекорд од 6,28 метри!

186
Фото: https://www.instagram.com/diamondleaguea

Арманд Мондо Дуплантис уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите атлетичари на сите времиња. Шведскиот маестро во скок со стап приреди спектакл пред домашната публика во Стокхолм, каде постави нов светски рекорд – 6,28 метри!

И не само тоа – ја надмина сопствената граница, уште еднаш. Она што Јусеин Болт го правеше на патеката, тоа Мондо го прави во воздухот. Неверојатна леснотија, техника и ментална сила – сè во едно.

Моментот беше уште посебен бидејќи пред скокот му пријде самиот Болт – легендата на светската атлетика. Следеше краток разговор, прегратка, поздрав… и потоа, историја.

Да се потсетиме – уште во 2020 година постави светски рекорд на 6,17 метри, и оттогаш постепено го „гради“, сантиметар по сантиметар. Сега е веќе на 6,28. За споредба, митскиот Сергеј Бубка, чие име со децении беше симбол за оваа дисциплина, држеше рекорд на 6,14 метри.

Мондо не знае за граници. Тој не скока само над летвичка – тој скока во вечноста.

ПретходноОдби 30 евра милиони годишно, сега му нудат 50 милиони!
СледноБарселона поднесе жалба за судиските одлуки на Начевски и Николов