Барселона поднесе жалба за судиските одлуки на Начевски и Николов

1201

Кој губи има право да се лути. Оваа изрека во овој момент најмногу и прилега на Барселона, која не само што не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампиони, туку загуби во битката за третото место.

Во полуфиналето каталонскиот тим беше елиминиран од новиот првак Магдебург. Во „Ланксес Арена“ видовме вистинска драма, а македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на Барса и доделија три црвени картони, два во последните две минути.

Барса смета дека е оштетена, иако сите одлуки нашите најдобри арбитри ги носеа после гледање на видео-снимка.

„Ставовите на Барса беа пренесени директно во ЕХФ, кај главниот во натпреварувачката комисија. Се жалевме на судењето за кое сметаме дека не беше на нивото на кое сите очекувавме да биде“, изјави координаторот во клубот, Хуан Марин.
На прашањето кое е целта, тој одговори:
„Нема крајна цел. Само го изразивме тоа што го чувстуваме. Се разбира дека знаеме дека тоа нема да има последици“.

ПретходноАрманд Дуплантис испиша историја пред Болт – нов светски рекорд од 6,28 метри!
СледноПознати се помошниците на Марјан Илиевски!