Искусниот македонски стратег, Виктор Треневски повторно е активен. И тоа во Црна Гора. Ќе го води амбициозниот тамошен третолигаш, Балкан Иглс.
Ова е трет пат како Треневски е стратег во местото Тузи, а претходно на два пати го водеше попознатиот Дечиќ.
Овојпат се нафаќа да го води проектот на Балкан Иглс чиј што раководни структури се доста амбициони и планираат големи нешта со клубот.
Треневски освен Дечиќ, во Црна Гора ги водеше и Ком, Грбаљ, а во Македонија беше дел од Работнички.