ЕП У-21: Стојчевски ќе биде дел од судискиот тим на мечот Холандија – Украина!

72

Уште една задача за еден од нашите најдобри судии Игор Стојчевски на ЕП за репрезентации до 21 години кое се одржува во моментов во Словачка. Имено тој е одреден да биде четврти судија или дел од судискиот тим на мечот Холандија – Украина кој решава кој ќе оди во следната фаза. Овој натпревар се игра во среда со почеток од 18 часот на “Татран Арената“ во Прешов од групата Д.

Ова ќе биде трети меч за македонскиот судија на кој е анажиран на ова У-21 ЕП, по мечевите Италија – Романија и Шпанија – Романија.

Инаку на ЕП за младинци до 21 години како делегат е ангажиран и Филип Поповски.

ПретходноЕ.Пелистер е посилен за Ибрахим Калес Валид
СледноПоширок список на играчи за националниот тим „Под 18“- мажи