И Липи се огласи по изборот на Гатузо за селектор на Италија!

428

Сега веќе нема никакви дилеми. Џенаро Гатузо, довчерашниот стратег на Хајдук и легенда на италијанскиот фудбал, е избран за нов селектор на „аѕурите“. Откако селекцијата на Италија не настапи на СП 2018 и СП 2022, поради Македонија, под водство на Лучано Спалети лошо ги започна и текивните квалификации за Мундијалот 2026. За да се спаси што може да се спаси, да не биде и третпат едноподруго да ги нема на СП, раководството на Фудбалската федерација на Италија го именуваше Џенаро Гатузо за нов селектор, иако реално тој беше четврти или петти пик.

Допрва ќе следува промоцијата.

Откако неколку легенди го дадоа својот коментар за назначувањето на Гатузо, се огласи и Марчелло Липи, човекот со кого Италија, и со Џенаро во составот, во таа 2006 година во Германија и го донесе на својата земја последното светско злато.

Среќен сум за Рино, сигурен сум дека одлично ќе се снајде на местото селектор на Италија“ посочи легендарниот Марчело Липи.

ФОТО: НК Хајдук/ФБ

ПретходноОдреден е денот кога Ливерпул ќе го претстави своето мега – засилување!
СледноСКП: Челзи го победи Лос Анџелес, ама ФИФА доживеа невиден срам! (ФОТО)