Иако има само 17 години, следниот месец ќе биде полнолетен, Ламине Јамал е најспектакуларниот фудбалер во овој момент во светот на фудбалот. Токму затоа сега секој негов чекор со внимание се следи, посебно на приватен план.
Па така медиумите во Шпанија попладнево “експлодираа“ откако објавија каде тој летува и дека со него веројатно била неговата нова девојка Фати Васкез, познатата јутјуберка во Шпанија. И се би било во ред ако не се знае дека фамозната Фати е 12 години повозрасна од него.
Иако не може да се најде заедничка фотографија на нивните социјални мрежи, сепак медиумите посочуваат дека последните објави и на двајцата се од исти места, па затоа претпоставуваат дека Ламине и Фати биле на одмор.
ФОТО: Скриншот/Инстаграм