Познати се помошниците на Марјан Илиевски!

560

Македонската кошаркарска репрезентација наскоро ќе добие нов селектор. Марјан Илиевски треба и официјално ќе биде промовиран утре од страна на новото раководство на КФСМ.

Иако Македонија ја чека нов пеколен пат во светот на кошарката, сепак Илиевски одлучи да подаде рака и да почне да гради тим, кој ќе успее да ја врати радоста во овој национален спорт, кој долго време се мачи на европска и светска сцена.

Новиот селектор го чека претквалификации за Светскиот Куп 2027, Македонија е во група со Романија и Унгарија, а мечевите се играат во август по принципот дома на гости.

Познат е новиот стручен штаб во националниот тим. Помошници на Илиевски ќе бидат Боби Митев, Борче Даскаловски и Мирко Петрески.

Сите детали околу списокот и подготовките ќе бидат познати на официјалната прес-конференција на која ќе бидат присутни претседателот Томе Главчев, потпретседателот Младен Ѓуроски, и генералниот секретар Томче Стојчевски.

ПретходноБарселона поднесе жалба за судиските одлуки на Начевски и Николов
СледноСкандал ја тресе Италија: 16 членови на Салернитана завршиле во болница после мечот со Сампдорија