Томче Гроздановски е нов играч на Конкордиа

445

Играчот од средниот ред, Томче Гроздановски кој досега беше дел од екипата на Силекс, заминува во Романија, и потпишува едногодишен договор со тимот на Конкордиа.

Тоа е второлигаш со високи амбиции, и доколку истите се остварат, односно Конкордиа избори пласман во елитата слендата сезона, договорот на Гроздановски ќе биде продолжен на уште една година.

Гроздановски беше наш стандарден У21 репрезентативец, а своевремено доби повик и за А репрезентацијата. Веќе има интернационално искуство со играње  во Словачка, во екипата на Злате Моравце, и во Хрватска во тимот на Дугопоље.

 

ПретходноКаков „терор“ на Матијас Гидсел во последните две години
СледноВиктор Треневски има нов клуб