Вонредна состојба во Израел: Сезоната заврши без шампион!

156
Фото: BasketNews @BasketNews_com

Израелската кошаркарска федерација одлучи да ја заврши сезоната пред решавачкиот трет натпревар од финалната серија помеѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим поради безбедносни причини.

Одлуката беше донесена едногласно на состанок на комитет во кој членуваат членови на двата клуба. Третиот натпревар нема да се игра поради воената состојба во земјата, а израелските медиуми објавија дека странските играчи на Макаби веќе ја напуштиле земјата.

„Во отсуство на третиот натпревар, кој е неопходен за да се одреди шампионот, комитетот одлучува дека нема да се прогласи шампион“, се вели во соопштението.

Победник во серијата е тимот што ќе забележи два триумфа. Макаби го доби првиот натпревар со 91:88, додека Хапоел го доби вториот натпревар по продолжение со 77:74.

ПретходноЛШ квалификации: Денеска е ждрепката, ова се петте можни ривали на Шкендија!
СледноУште едно признание за одличната сезона: Ханси Флик е тренер на сезоната во Шпанија!