Денеска од 16 часот е ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Вообичаено УЕФА го крати списокот и ги одредува групите во пресрет на ждрепката.
Вардар се најде во групата 3 и за можни ривали доби екипи кои влеваат надеж: Станува збор за тимовите на Дуделанж, Копер, Сутјеска и Ла Фиорита.
Да напоменеме дека нашиот најтрофеен клуб по цели седум години повторно ќе игра во фудбалска Европа и тоа во квалификациите во Лигата на Конференции. Јасно е дека ќе навиваме да се падне Ла Фиорита од Сан Марино. Вака на прв поглед се гледа како најлесен ривал.
Што се однесува до Силекс и Работнички тие ќе имаат далеку потешка задача. Работнички наоѓа во групата 6 и за можни ривали ги има Дила Гори, Пјуник, Торпедо и Борац Бања Лука.
Силекс е во групата 2 и ќе игра со една од овие екипи:Петрокуб, Ордабаси, Дечиќ и Урарту.
Познато е дека првите мечевите од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се закажани за 10 и 17 јули.