Неверојатно: Германија водеше со 5:1, Англија за 11 минути израмни на 5:5!

1159

Навистина неверојатен, фантастичен меч одиграа младите селекции на Германија и Англија на ЕП до 19 години.

Може да се каже и епски ако се знае дека оваа средба заврши со резултат 5:5.

И не само тие десет гола се епски, туку начинот на кој младите Англичани дојдоа до него.

Имено до 52.минута Германија водеше со неверојатни 5:1 и одеднаш како да престана да игра, или пак Англичаните почнаа, сеедно.

Следуваа блескави 11 минути во кои Англија успеа да постигне четири голови, па така во 63.минута резултатот беше 5:5.

Ете, тоа е фудбал. Никогаш не е готово…

ПретходноРоналдо со специјален подарок за Трамп!(ВИДЕО)
СледноШортс фантастичен, Париз е на чекор до титулата!