Бојан Маркоски (Работнички): Респект за Торпедо Белаз, но јас сум задоволен од ждрепката!

164

По цели седум години пауза, Работнички одново ќе ја претставува Македонија во фудбалска Европа. Тимот од Градски парк денеска во Нион, со оглед на околностите имаже добра ждрепка. Во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, Работнички го чека двомеч со Торпедо Белаз од Белорусија.

За “СпортСпорт“ за тоа што може да се очекува, свој коментар даде Бојан Маркоски, новиот стратег на Работнички:

Како прво морам да кажам дека сум задоволен од ждрепката. Ако знаеме дека можеа да ни се паднат Дила Гори, Пјуник или Борац Бања Лука, тогаш тимот од Белорусија е добра ждрепка. Сиот респект за тимот од Белорусија, му ја даваме улогата на фаворит, но Работнички ќе го даде сиот свој потенцијал со желба да одиме натаму. Предност за нив е што се во натпреварувачка форма, за нас е оредност што Белорусите домаќини ќе ни бидат најверојатно во Унгарија“ вели Маркоски и продолжува…

Засега подготовките одат во позитивна насока, сметам дека до 10 јули, кога се игра првиот меч ќе бидеме максимално подготвени. Реков дека ќе го дадеме својот максимум против тимот кој е тотална непознаница за нас. Сепак што е тука е, одиме на мегдан, па ќе видиме после двата меча што сме направиле“ заклучи новиот стратег на Работнички кој го наследи Горан Станиќ на клупата како прв стратег ако се знае дека Маркоски досега му беше прв асистент на Станиќ.

ПретходноИвановски со победнички старт на Челинџерот во Франција!
СледноГоразд Михаилов пред промоција во Пелистер!!!