Вардар го доби посакуваниот противник, Ла Фиорита од Сан Марино

492

Откако цели 18. Години чекаше освојување на Купот на Македонија, за да преку него летово Вардар излезе и во Европа, „црвено – црните“ предмалку во Нион, Швајцарија, го добија противникот за првото квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Вардар својот нов европски пат ќе го почне од Сан Марино каде што ќе му гостува на тимот на Ла Фиорита. Секако посакѕцан противник ако се знае дека во комбинација беа и претставникот на Луксембург, тимот на Дуделанж, како и екипата на Сутјеска од Црна Гора.

Нормално, Вардар прв пат е дел од ова натпреварување, од проста причина што УЕФА истото го воведе во 2021 година.

Мечевите се закажани за 10. односно 17 јули

Вардар своето европско деби летово ќе го има на 10. Јули, додека пак реваншот ќе биде за седум дена на 17. Јули. Со оглед на ждрепката Вардар првиот меч го игра на гости.

 

ПретходноБрајтон доведе италијански дефанзивец
СледноРаботнички ќе патува во Белорусија, Силекс оди на Дечич од Црна Гора