По се изгледа дека толку беше од Срѓан Захариевски на клупата на Пелистер. Имено како што дознава “СпортСпорт“ нов, или старо – нов стратег на битолскиот прволигаш ќе биде Горазд Михаилов. Стратегот кој со Беса не успеа да избори опстанок во ПМФЛ, откако беше поразен во баражот во Башкими, ќе седне на клупата на Пелистер и ќе се врати по 13 години таму каде што беше во 2012, прв тренер на Пелистер.
Секако дека ова е изненадување, или не за тие што ги знаат приликите во мак – фудбалот. Михаилов веќе имал разговори со првите луѓе на клубот каде биле договорени условите, останува само да се договорат некои детали па да Пелстер се пофали со новиот стратег.
Инаку Михаилов (50), пред Беса беше шеф на струката и во Брера, Вардар, Силекс, Борец, Тетекс, Рудар Приједор, Напредок, рековме веќе Пелистер, Охрид…