Илиевски во четиригодишниот циклус ќе цели на подмладување на репрезентацијата!

165

Марјан Илиевски ќе биде 15. селектор кој ќе ја предводи македонската кошаркарска репрезентација. Тој потпиша четиригодишен договор, а на прес-конференцијата најави дека во следниот период ќе ја направи смената на генерација која одамна требаше да се случи.

„Договорот е за четиригодишен циклус во кој ќе целиме на подмладување на репрезентацијата. Она што го кажав дека по оваа прес-конференција ќе зборувам со оние поискусни кошаркари, кои ги разбирам зошто сакаат да одморат малку и да соберат сили за да одиграат уште една-две клупски сезони. Сепак, јас ќе побарам од нив да бидат тука за нас, да ни помогнат во овој важен период . Оттука почнуваме со комплетното подмладување на целата репрезентација, сето она што ќе биде поставено како програма и начин како ќе се однесуваме кон репрезентацијата, дека сите тие играчи се важни за периодот што доаѓа. Најголема сатисфакција би ми била таа репрезентација да расте со некои млади кошаркари, бидејќи навистина мислам дека особено а бековските позиции имаме играчи кои можат да одговорат, а верувам дека и некои високи македонски играчи ќе добијат простор“, истакна Марјан Илиевски

Македонија ќе игра претквалификации за СП 2027 година, за противник во првата фаза ги има селекциите на Унгарија и на Романија, мечевите се играат во август.

Почетокот на подготовките да биде во Скопје во големата сала во Кале. Во Скопје ќе се остане до 18 јули бидејќи салата ќе биде искористена за Младинскиот Европски Фестивал, по што националниот тим ќе се пресели во Гевгелија, каде на 25 и на 26 јули ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Швајцарија.

ПретходноИлиевски промовиран: Димитријевиќ е нашиот столб, Јакимовски потврди дека доаѓа!
СледноДе Брујнe манија во Неапол, доби сладолед со негово име!