Новото раководство на КФСМ и официјално го промовираше Марјан Илиевски за нова селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Тој доаѓа на местото на Александар Јончевски. Илиевски направи целосна промена на стручниот штаб: Боби Митев, Борче Даскаловски и Мирко Петрески.
Илиевски зад себе има богата тренерска кариера, беше на клупата на Пелистер, Сигал Приштина, Блокотехна, АВ Охрид, Кожув и Лирија.
Прва задача на новиот селектор ќе бидат претквалификациите за СП 2027 година, а Македонија е во група со Унгарија и Романија, мечеви кои ќе се играат во август.
„Сите сме дојдени и седнати на ова место да одговориме за она кое што треба да биде во иднина. Да бидеме вклучени во ова, за да го подигниме ова и да си подадам рака. Зошто ги споменувам ли клубовите? Се надевам дека нема да има отпор од некои играчи, како и магичниот систем за репрезентацијата, со цел да се добие повисок ваучер“, се првите зборови на Илиевсли.
Она што е во центарот на вниманието е со каков состав ќе располага во овие претквалификации. Ти Џеј Шортс е под знак прашалник бидејќи неговиот договор е завршен. Добра вест е што Андреј Јакимовски ќе се врати во тимот после долго време. Илиевски допрва ќе разговара со останатите играчи.
„Во врска со странското име, договорот на Ти Џеј Шорт со раководството е завршен, не знаеме каков ќе имаме и каков ќе биде составот. Андреј Јакимовски сака да биде присутен во првиот прозорец во август, иако има обврски со летната лига. Најавено е дека ќе доцни пет до шест дена. Ова се случува и со други играчи. Во сегашната ситуација, би било неблагодарно да се каже дека не ни требаат најдобрите плејмејкери во Европа, но ако има ситуација каде што повеќе нема желба да се биде дел од оваа репрезентација, не бараме решенија од странски играчи со македонски пасош. Сепак, од оние кои се заинтересирани, натпреварите се сè уште се игра. Колку ќе биде доволно за да ги добиеме нашите желби доколку бидат потребни, е знак на времето. Не сум разговарал со другите играчи, чекаме денешно соопштение и прес, за да можеме да разговараме. Мило ми е што Јакимовски ќе биде дел од оваа изложба, но не можам да одговорам на останатите“.
Предводникот на нашиот национален тим коментираше и за Ненад Димитријевиќ со кого исто ќе оствари контакт.
„Ненад Димитријевиќ е столб на Македонија. Тоа е она што прво ќе го барам. Сезона што се менува како што се менува, како што се менува очекував. Мислам дека пред тоа ќе дојдат подобри времиња и клубови и тренери, а ние не сакаме да биде присутен стручен кадар“, рече Илиевски.
Голема благодарност до Илиевски изрази и првиот човек на КФСМ, Томица Главчев?
Голема благодарност до Марјан Илиевски за покажаната доверба и прифаќањето на подадената рака од нас. Среќен сум што размислувањата околу правецот ни имаат еден единствен заеднички содржател – дека ќе ни треба подолго време за сите аспекти од една конкретна програма да бидат исполнети до крај.