Калајџиевски е нов член на Е.Пелистер

78

Екипата на Е.Пелистер во насока на развој на своите млади ракометари, односно оние кои се дел од младинската школа односно вториот тим, одвреме на време вметнува по некој талент во својот прв тим.

Па така, денеска таа чест и задоволство ја има Мирче Калајџиевски кој е нов член на Е. Пелистер

Мирче Калајџиески има 21 години, роден во Струга, а во Битола пристигна од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.
Калајџиевски на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Е. Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.

ПретходноОфицијално: Пипо Инзаги е нов тренер на Палермо
СледноИвановски со победнички старт на Челинџерот во Франција!