КК Пелистер ќе биде дел од Лигата на Шампионите на ФИБА

122

Одлична вест од Швајцарија, која КК Пелистер и официјално ја потврди. Имено битолчани во следната сезона ќе бидрат учесници во Лигата на Шампионите на ФИБА.

Цел на „зелено-белите“ беше да се биде дел од елитното европско натпреварување, за таа цел беше испратена апликација до ФИБА Европа, на која денеска се доби позитивен одговор.

ФИБА официјално ги објави имињата на учесниците во ЛШ, при што името на Пелистер се наоѓа меѓу 24-те клубови кои ќе играат квалификации за место во ЛШ. Според пропозициите, овие 24 тима ќе бидат поделени во три групи, а само победниците во секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза од Лигата на Шампионите.

Потенцијални ривали на Пелистер во овие квалификации се екипите на: Бакен (Данска), Бурса (Турција), Орадеа (Романија), Шалон (Франција), Фалко (Унгарија), Фрибург (Швајцарија), Ден Борш (Холандија), Јувентус (Литванија), Калев (Естонија), Карху (Финска), Кутаиси (Грузија), Левен Брауншвајг (Германија), ПАОК (Грција), Патриоти Левице (Словачка), АЕК Ларнака (Кипар), Порто (Португалија), Реџана (Италија), Студентски Центар (Црна Гора), Рилски Спортист (Бугарија), Трепча (Косово), Мурсија (Шпанија), Антверпен (Белгија) и вицешампионот на Полска.

Сепак, дури и доколку не се стигне до билет за групната фаза од ЛШ, речиси сигурно како утешна награда ќе следи место во групите од ФИБА Европскиот куп.

ПретходноГоце Седлоски: Да, го посакувавме тимот од Сан Марино, но не смееме да се опуштиме!
СледноЛина со нова победа во Загреб!